Вести Скопје мвр

На територија на град Скопје казнети се вкупно 97 возачи

Изречени се три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), соопштија од МВР.

На територија на град Скопје казнети се вкупно 97 возачи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 97 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за користење мобилен телефон при возење.

Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), соопштија од МВР.

To top