Вести

Мицкоски очекува контруктивна дебата за избор на новата Влада, коалицијата е обединета околу четири столба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски денеска изјави оти на собраниската седница за избор на новата влада очекува конструктивна дебата и дека треба да заврши за два дена односно до недела на полноќ. Владината коалиција составена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Вреди и ЗНАМ, како што кажа, се обединува околу четири столба и тоа борба против корупцијата и криминал, подобрување на стандардот на граѓаните, забрзување на процесот на евроинтеграции и рамномерен развој.

-Постојат четири столба околку кои се обединува владината коалиција. Првиот е најважен – борба против криминалот и корупцијата, вториот подобрување на стандардот на граѓаните односно економската состојба во целина, третиот забрзување на процесот на евроинтеграции на Македонија како држава и четвртиот се разбира дека е рамномерен развој, забрзување на процесот на децентрализација итн, рече Мицкоски.

Мандатарот кажа дека планот е владината коалиција да се држи до тие четири столба. – Планираме за разлика од изминатите четири години да бидеме исклучително успешни. Амбицираме да бидеме најуспешна влада во овие три децении независна македонска држава и треба да видиме како сето тоа ќе функционира од понеделник. Јас сум убеден дека ќе функционира успешно, дека убави денови доаѓаат за македонските граѓани, за Македонците, за Албанците, за Ромите и за Турците, за Власите, за Бошњаците…Нема да ги делиме граѓаните на вакви и такви, на политички определени или неопределни, според верска, според национална припадност, политичка припадност…Како што кажав, граѓанинот е нашиот центар, оска околу која сите ние ќе конвертираме и се што е во интерес на граѓаните, рече Мицкоски.

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

-Како коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека 11 или 12 ќе бидат. Вообичаена пракса е на неколку недели по изгласување на кабинетот со министри да дојде на ред и со заменици министри. Многу скоро ќе биде доставен и списокот со замници министри кои ќе дојдат од редовите на коалицијата, рече мандатарот.

Претседателот на Собранието Африм Гаши седницата за избор на новата Влада ја закажа за сабота во 11 часот, а таа треба да заврши до недела на полноќ.

Најнови вести од Вести

To top