Македонија уплав од вадење на валканиот веш на врхушката?

Зошто само СДСМ не ги осуди бугарските шовинистички напади кон новинарот Видиновски?

Се поставува логичното прашање, се плашат СДС ли од конфронтација со Бугарија? Поверојатно, се плашат ли СДСМ oд она што Бугарите го знаат за нив? За сметките во бугарските банки на вистинскиот лидер од Дубаи и неговото семејство, Вице, Трајче и компанија? За актуелниот чувар на тронот? Имаат ли уплав од излегувањето на вистината за ковчежињата со пари од Софија, за кои зборуваше премиерот Мицкоски? 

Зошто само СДСМ не ги осуди бугарските шовинистички напади кон новинарот Видиновски?

ЈО отвори истрага за заканите кон колегата Александар Видиновски. Предмалку, и АВМУ го осуди шовинистичкиот акт. Претходно, дузина македонски партии и новинарски здруженија го осудија јавниот повик на бугарските шовинисти за линч на новинарот. Тоа го сторија ВМРО-ДПМНЕ и колиционерите, ги осуди и ЛДП, се јавија МАН, ЗНМ од новинарските здруженија, но само СДСМ не собра храброст да го стори истото.

Од настанот до сега, избројавме 10 соопштенија од адреса на Бихаќка на најразлични, бизарни теми, но атакот врз новинарот кај кого десетици пати гостувале, не беше битен за Венко, Јон и Богданка?

Се поставува логичното прашање, се плашат СДС ли од конфронтација со Бугарија? Поверојатно, се плашат ли СДСМ oд она што Бугарите го знаат за нив? За сметките во бугарските банки на вистинскиот лидер од Дубаи и неговото семејство, Вице, Трајче и компанија? За актуелниот чувар на тронот? Имаат ли уплав од излегувањето на вистината за ковчежињата со пари од Софија, за кои зборуваше премиерот Мицкоски?

Најверојатно, да, страв куќа чува, па СДС не смее да се дрзне да зборува против стопаните…

Во меѓувреме, од пaртиите вчера први реагираа ВМРО-ДПМНЕ со силна осуда на бугарскиот шовинизам.

„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам.

Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам.

Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат„, соопштија од владејачката партија.

„Цитираме само некои од заканите, за кои принтскринови има во прилог на оваа реакција: „Асномски ко*илиња“, „Македонија е наша што сакаме ќе правиме.“ „Смрт за вас“. Се работи на најдиректни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 ТВ Александар Видиновски, кои преставуваат закани кон службено лице согласно Кривичниот законик.

Освен директните закани кон новинарот, лицата со име и презиме се закануваат и кон македонскиот народ, како и со воено уривање на Уставниот поредок на Република С. Македонија.

Ваквите закани се директен притисок врз уставно загарантирана слобода на говор да не се известува за прекршувања на позитивните законски прописи во Македонија дури и од странски дипломатско-конзуларни преставништва и преставници.

Со ваквите закани и притисокот, освен во форма на закани по живот, постои и закана за новинарите воопшто и влијание врз целокупната слобода на говорот, а не само притисок врз конкретен новинар и медиум“ – се вели во реакцијата на МАН.

Реакција има и од Здружението на новинари на Македонија. Оттаму посочуваат дека „Пораките со навредлива, шовинистичка и содржина која содржи омраза, како и директните закани по живот („смрт за вас“), претставуваат сериозно кршење на правото на слобода на изразување и директна закана по безбедноста на новинарот. Ваквите напади имаат за цел да извршат притисок и заплашување поради професионално известување за прашање од јавен интерес“.

ЗНМ преку својот адвокатски тим му обезбеди правна помош на новинарот Александар Видиновски, и поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи. Очекуваме надлежните институции итно да постапат, да ги идентификуваат сторителите и да обезбедат соодветна институционална реакција, согласно законските надлежности.

Потсетуваме дека новинарот Видиновски известувал за проблем од јавен интерес – непрописно паркирање на јавна површина, за кое реагираа и граѓани, а за кое став изнесе и Министерството за внатрешни работи. Новинарите не смеат да бидат мета на закани, навреди и говор на омраза поради својата професионална работа.

Најнови вести од Македонија

To top