Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Жерновски – измеќарот на Заев и Филипче, човекот кој ги лажеше граѓаните дека трибина од градскиот стадион ќе се сруши, е најмалку подобен да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага

Во однос на предлогот за конзул на Душан Адамовиќ, доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Дополнително, споменатото лице ги исполнува сите критериуми за негово поставување за конзул. До следната лага искажана од СДС, Жерновски или Филипче, ги потсетуваме дека се опозиција во Македонија, не во Србија, се наведува во партиското соопштение на владејачката партија.

Жерновски – измеќарот на Заев и Филипче, човекот кој ги лажеше граѓаните дека трибина од градскиот стадион ќе се сруши, е најмалку подобен да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага

Внук на бугарски кмет, неуспешен политичар, неуспешен дипломат, самопрогласен амбасадор, човек без кичма, став и достоинство, измеќар на Заев и Филипче – Андреј Жерновски. Овој човек без грам кредибилитет пред да говори за тоа кој говори вистина, а кој лага, треба прво сам да се погледне во огледало. Тој е истиот оној кој лажеше дека трибина од стадион кај и да е ќе падне, па еве 15 години по тоа уште стои. Како пред 15 години, така и денес – лаже. Истата шема, истите лаги, истите луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Жерновски е човек кој 30 години нема ништо направено добро за државата, а исто толку години е и во политиката. Прелетач од ЛДП во СДС, само затоа што така му нареди Зоран Заев. Затоа и денес жестоко го брани Филипче, затоа што така му има наредено Заев. Во однос на предлогот за конзул на Душан Адамовиќ, доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Дополнително, споменатото лице ги исполнува сите критериуми за негово поставување за конзул. До следната лага искажана од СДС, Жерновски или Филипче, ги потсетуваме дека се опозиција во Македонија, не во Србија, се наведува во партиското соопштение на владејачката партија.

Најнови вести од Македонија

To top