Женско е првото бебе родено годинава во болницата во Кавадарци.
Станува збор за внука на познатиот колекционер на стари автомобили Дионис Пашлаков од Неготино, за кого беше снимен и документарен филм.
Сопругата на Пашлаков, Грозданка, рече за МИА, дека три години по неговата смрт, имаат среќна вест во семејството.