Македонија епицентарот во грција

Земјотрес почувствуван во Битола и околината

Земјотрес почувствуван во Битола и околината

Земјотрес чиј епицентар бил во Грција, утринава е во почувствуван во битолско.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, во 06 часот и 04 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола-Лерин, во соседна Република Грција, на 125 км јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Најнови вести од Македонија

To top