Македонија Владата отворена за земјоделците

Земјоделците конечно добија партнер во Владата- дополнителна поддршка на оризопроизводителите и субвенции

Владата покрај низа на мерки и проекти реализирани изминатите 6 месеци и санирање на штетите оставени од претходното раководство, продолжува посветено да работи за подобар животен стандард на земјоделците.

Земјоделците конечно добија партнер во Владата- дополнителна поддршка на оризопроизводителите и субвенции

Како Влада се обврзавме дека ќе го вратиме достоинството на земјоделците, ќе бидеме нивен партнер и ќе ги слуша нивните барања ќе ги и решава нивните проблеми. Денес после 7 години деградирање и срушена доверба, земјоделците конечно го добиваат она кое што го заслужуваат, велат од Влада.

-По разговорите и средбите со оризопроизводителите, се дојде до заедничка одлука истите да подржат со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз, како и дополнителни субвенции од 18.000 денари од хектар за тековната 2024 година.

Изминатите 7 години наместо на нивите да произведуваат, земјоделците беа на улиците и протестираа поради негрижата и незаинтересираноста од страна на претходната влада на СДСМ и ДУИ.

Денеска таа грда слика и состојба во македонското земјоделство се менува.

Владата покрај низа на мерки и проекти реализирани изминатите 6 месеци и санирање на штетите оставени од претходното раководство, продолжува посветено да работи за подобар животен стандард на земјоделците.

Владата е земјоделска Влада, која ја разбира маката на земјоделците и го цени и вреднува нивниот труд.

Продолжуваме посветено за подобра иднина за сите!, потенцираат од Владата.

Најнови вести од Македонија

To top