Од СДСМ се што прават е аматерски. Кога не знаат што да прават се занимаваат со измислени работи или фалсификуваат, рече Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на Алфа телевизија во емисијата „Заспиј ако можеш“ коментирајќи го објавувањето на лажни документи од СДСМ за што е најавена тужба од ВМРО-ДПМНЕ за клевета и фалсификат.
Според Здравковски црна кампања не е потребна, туку треба на граѓаните да им се излезе во пресрет со реални проекти.
„Се што е објавено е измислено, сето тоа го правеле со намера затоа што немаат што да кажат пред изборите. Сите работи кои им се објавени се неточни и измислени“, вели Здравковски.
Здравковски укажа дека ова личи на кампања која е водена во Србија.
„Пред извесно време ВМРО-ДПМНЕ објави за сомнителна агенција и ликови од Израел ангажирани за кампањата на Пендаровски. Ова што сега го прави СДСМ е исто што овој лик го има правено во Србија за време на тамошни избори“, кажа Здравковски.
Според Здравковски, вакви случаи и слични ќе бидат решени после изборите.
„Мене ми е многу жал што живееме во вакво време, ова беше многу истакнато во последните седум години. Сето ова сите црнила ќе може да се сопрат само по изборите и само со влада на ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш мора да се направат многу работи, меѓу кои и да се ослободат институциите“, изјави Здравковски.
Здравковски се осврна и на кандидатот за претседател СДСМ, Стево Пендаровски.
„Тоа е личност која ќе остане запаметена само по тоа што се сликаше со Нивес Целзиус, со Бојко Љубави, тоа е човек кој велеше не знам за францускиот предлог, за потоа да признае дека учествувал во изработка на истиот. Тоа е човек кој не знае за национални интереси. Човекот треба да знае дека на Македонија и е преку глава од такви личности“, вели Здравковски.
Здравковски укажа дека и образованието, како и многу други области се во хаос.
„Образованието е клучна област, ние имаме деца во училиште кои немаат учебници. Тоа е недозволиво. Не знам како лицата од оваа власт не сфаќаат дека и тие имаат деца“, посочи Здравковски.