Македонија ќе има в.д

Завршува мандатот на Јовески, во петок ќе избира в.д државен јавен обвинител

Државниот обвинител Љубомир Јовески го завршува шестгодишниот мандат. Денеска за последен пат седна како член на Советот на обвинители кој пак најави дека во петок ќе бира вршител на должноста. Од советот велат ќе го почитувале рокот од 15 дена за оценка на тројцата кандидати за нов државен обвинител.

„До денеска не е добиено барање за доставување на мислење по однос на пријавените кандидати за оваа функција. Ние, кога ќе го добиеме барањето за давање на мислење секако ќе го разгледаме на седница на Советот. Рокот е 15 дена, законскиот рок, ќе го испочитуваме рокот, а во однос на мислењето, за секој од пријавените кандидати имаат право сите членови на советот да дадат свое мислење и врз основа на тоа ќе се изгради ставот на Советот на Јавни обвинители“, вели Душица Димитриеска, Претседател на Совет на јавни обвинители.

Тројца кандидати конкурирале за наследник на Јовески.. Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски се во трка за прв јавен обвинител на државата. Кој оваа функција ќе ја извршува во следните шест години ќе зависи од Владата која врз основа на мислењето на советот на обвинители, ќе предложи еден кандидат за кој ќе се гласа во Собранието.

Истиот собраниски состав пак требаше да расправа и за интерпелација на Јовески поднесена од пратеници на албанската опозиција, но и по два месеци откако беше точка на дневен ред, Собранието не расправаше по интерпелацијата.

Мандатот на Јовески законски завршува во понеделник. Имаше желба својот работен век да го продолжи како уставен судија предложен од власта, но не ја доби поддршката на пратениците.

Една од последните активности на Јовески беше денешниот избор за републичкото обвинителство. Заедно со неговиот глас, советот едногласно одобри унапредување за Лиле Стефанова и Наум Пановски.

Најнови вести од Македонија

To top