Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од 13 до 23, а максималните ќе достигнат од 35 до 42 степена. UV индексот ќе биде 9.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во околните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштат до 19, а максималните ќе достигнат до 41 степен.
Од УХМР информираат дека во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури.
Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3 до 4 степени во споредба со денешната.