Порталот off.net обави фотографии кои ги доби од свој читател, на кои јасно се гледа дека висок партиски член и функционер, носи пакети со разни намирници до граѓаните. Сведоци на настанот обвинуваат дека вака се врши предизборен поткуп кај граѓани.
Според очевидец, во пакетите кои Стефан Богоев, актуелен директор на Царина и поранешен градоначалник на Карпош, ги носи на граѓаните има шеќер, сол, кафе…
Еве го писмото кое го пренесе off.net:
Поздрав Трендо,
СДС со Стефан Богоев, ПР-снимателка (со моб тел) И 3-4 пајташи кои позади нив носат пакети, ја почнаа кампањата за “ЕВРОПСКА ИДНИНА НА СЕВЕРЏАНИЈА”!!!
Шеќер, сол, кафе и останати “европски вредности, намирници и зарзавати”, беа донесени со возила и делени од врата на врата, денес на пладне, во Капиштец, Васил Ѓоргов 29-влез 1.
Јако, прејако… ЕПТЕН ЕВРОПСКИ!!!
На порталот можете да ги погледнете и фотографиите.