Македонија

Забрана за сообраќај на камиони на патниот правец Струга – ГП Ќафасан

Од 14:30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информира ЈП Македонијапат.

Јавното претпријатие претходно соопшти дека се воведени забрани за камиони од превентивни причини на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, на планиските премини Пресека, Плетвар, Ѓавато, на патот Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос и од Делчево до ГП Делчево.

ЈП Македонијапат претходно информираше дека пуштен за сообраќај за товарни возила е патот Деве Баир – Крива Паланка.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на нашите дежурни екипи, информираше ЈП Македонијапат.

Од претпријатието додадоа дека со целокупната расположива механизација и работна сила се вклучени во расчистување на патиштата, а дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Најнови вести од Македонија

To top