Од утре под влијание на нов влажен бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремено ќе преминуваат во снег.
Наместа ќе има пообилни врнежи, а во сабота и локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Утре и во сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.
Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето, соопшти УХМР.