Зошто на 7 септември секунди делеле од судир на два авиони на небото над Скопје и дали настанот ќе добие класификација сериозен инцидент ќе се знае за неколку дена по истрагата на Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – вели претседателот Зоран Илиевски за Канал 5, според кој одредени информации укажуваат на тоа дека случајот е сериозен.
Истражниот комитет веќе во понеделник ќе изврши разговори со надлежните во М-НАВ, а ќе се земат и аудио и видео снимки од собата за контрола. По изготвувањето на извештајот ќе бидат дадени класификација и препораки.
-Нашата дејност е по завршување на истрагата и давање на финалниот извештај, секогаш завршува со некакви заклучоци или препораки. Како да тоа не се повтори, затоа што видот на истрага кој ние го работиме е техничка истрага, треба да дојдеме до причината. Така да, превенцијата за во иднина да не се повтори ваков или сличен настан. Се зголемува безбеноста во воздухопловството што е наша најважна работа, посочи Зоран Илиевски, директор на КИВНСИ.
Денеска за случајот преку соопштение се огласија и од Здружението на контролори на летање. Според нив прогласувањето на настанот за сериозен инцидент без проверка на факти не оди во прилог на правично расветлување на сличајот. Сметаат дека алатката Flightradar24, кој го следи движењето на сите авиони во светот, не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време.
Инаку, освен анализата од Flightradar, дека драма се случувала над небото во Скопје, покажа и аудио-снимката од комуникацијата меѓу пилотката на турскиот авион и контролорот на летање, во која таа му соопштува дека во авионот и се активирал алармот за избегнување на судир или познат како T-CAS и веќе не може да ги следи неговите насоки…
Според капетанот Венко Биковски – пилот со 50 годишно искуство, Т-КАС системот алармира единствено во опасни ситуации, една предупредувачка, друга која бара итна реакција. Па оттаму, вели случајот мора целосно да биде расчистен, бидејќи во спротивно македонското небо ќе стане црна дупка во европската навигација.
-Постои уште еден, кој што се вика врел каде вие веќе морате нешто да направите, зошто ако не го направите тоа, тогаш може да дојде до судир. Т-КАС-от е направен така да на едниот му дава инструкции да снижува, а другиот да се качува и така доаѓа до разминување. Контролор е сериозна професија која бара целосна концентрација и интелектуален капацитет, а не вработувања по рамковни договори, етнички и верски припадности, како ни пријателски и партиски релации, вели Венко Биковски, капетан/пилот, пренесе телевизијата.
Авионите на Санекспрес и Туркиш Ерлјанс на 7 септември во 18.32 летале на висина од речиси 11 километри еден кон друг. По активнирањето на системот Т-КАС, на дестина секудни пред да се судрат, за среќа пилотит успеале едниот да оди нагоре, а другиот надоле, па направиле висинска разлика од околу 300 метри и безбедно се разминале.
Според информации на Канал 5, случајот освен кај нашите, пријавен е и во турската агенција за воздухопловство од страна на пилотката на Туркиш Ерлајнс.
Прилогот на Канал 5 погледнете го во продолжение: