Македонија ако ви треба медицинска помош

За новогодишните и божиќните празници ќе има дежурни служби во поликлиниките

Со секојдневно работно време за новогодишните и божиќните празници ќе функционира и единицата за домашно лекување.

За новогодишните и божиќните празници ќе има дежурни служби во поликлиниките

За време на новогодишните празници, ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, велат за МИА од оваа установа.

– На 31 декември, недела, во текот на денот и вечерта за Новогодишната ноќ, како и на 1 јануари, дежурни и достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. За претстојните божиќни празници – 7 и 8 јануари, за граѓаните кои имаат потреба од медицинска помош, ќе работат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар, посочуваат од установата.

Со секојдневно работно време за новогодишните и божиќните празници ќе функционира и единицата за домашно лекување.

– Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци за да се избегнат несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не се користат алкохолни пијалаци, заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Потоа, воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици, наведуваат од Здравствениот дом.

Оттаму изразуваат надеж за беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, со цел новогодишните празници да се дочекаат во весело и пријатно расположение за сите.

To top