Македонија Министерство за здравство

За две недели ќе биде објавена нова позитивна листа на лекови, не е ажурирана 15 години

-Ќе имаме и нов Закон за лекови со кој ќе обезбедиме квалитетни лекови во државата, но и ќе побараме рационално користење и препишување на лековите за да има лекови секаде, но и да бидеме внимателни да нема злоупотреба на лековите, рече денеска министерот за здравство.

За две недели ќе биде објавена нова позитивна листа на лекови што не е ажурирана 15 години, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на брифинг со новинарите.

Тој кажа дека во следниот период приоритет е осовременување на позитивната листа на лекови и како новина е имплементирањето национална фармацевтска политика со посебен фокус на квалитет и достапност на фармацевтските производи.

To top