Македонија соопштение

Wizz Air: Патниците да пристигнат 3 часа пред нивниот лет на аеродром

Поради проблемите во глобалните ИТ системи имуни не останаа и од нискобуџетната Wizz Air каде со соопштија дека патниците ќе може да доживеат прекини низ мрежата бидејќи услугите на вебстраната и мобилните апликации се привремено недостапни.

Од компанијава велат дека следниве онлајн услуги во моментов не се достапни:

– Веб-страница и мобилна апликација на Wizz Air;

– Систем за резервации;

– Онлајн систем за пријавување и прикажување на картата за патување;

– Контакт центри – нови резервации и промени на постоечките.

За време на прекинот, достапно е бесплатно пријавување на аеродромот. Затоа, ги советуваме патниците да пристигнат на аеродромот најмалку 3 часа пред закажаното време на поаѓање за да овозможат доволно време за пријавување, безбедносна контрола и здравствени и безбедносни процедури специфични за аеродромот“ се додава во соопштението.

To top