Македонија

Врнежи од дожд во низините, снег на планините

Врнежи од дожд во низините, снег на планините

Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре времето во државата ќе биде врнежливо. Во пониските места се очекуваат врнежи од дожд, на повисоките дожд и снег, а на планините ќе врне снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Пообилни врнежи се најавуваат во западните делови од земјата, каде што се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар воден талог. На планините снежната покривка ќе се зголеми за 10 до 15 сантиметри.

Во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно, со ниски утрински температури. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а в сабота наместа ќе има услови за провејување слаб снег.

Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа времето ќе се стабилизира, со пониски утрински температури. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top