Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен во недела кога ќе биде претежно стабилно и потопло.
Утре, како што информира УХМР, особено во источните делови, на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Утре ќе биде променливо облачно, особено претпладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Температурата ќе се движи од 5 до 22 степена.
И во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината нестабилно, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.
Според УХМР, во сабота ќе дува засилен северен ветер, а температурата ќе достигне 21 степен.