Македонија АМСМ

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Во овие делови од Македонија има снег и намалена видливост поради магла

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Во овие делови од Македонија има снег и намалена видливост поради магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово. Во Крушево поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри, информира АМСМ.

Како што најавува АМСМ, поради поставување заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско утре и задутре ќе биде затворена за сообраќај  во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување  зимска опрема во возилата. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top