Претседателот на ОИК-Штип, Виктор Вацев истакна дека на 74 избирачки места во Штип за на претседателските избори излезноста е 48,13, а на парламентарните избори е 48,09 отсто од вкупниот број на избирачи.
Гласачките места се затвораат во 19 часот, а од 17 часот веќе има и поголема излезност, односно граѓаните го користат своето право на глас на двојните избори.