Во Радовиш денеска ќе се одржи трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“.
Трибината е закажана за 18:00 часот, а по завршувањето е предвидена изјава за медиуми.
Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ почна на 18 март од општина Босилово.
Како што најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, посетени ќе бидат над 30 општини и повеќе од 120 населени места.
Целта е да се слушнат ставовите и потребите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки во секторот, како и да се дискутира за актуелните предизвици.