Во Општина Пробиштип во 7 часот се отворени 45-те избирачки места. Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Јорданчо Димитриев за МИА вели дека нема никакви проблеми и гласањето се одвива непречено. На избирачките места веќе гласаат и првите избирачи. Во Пробиштип право на глас имаат 12 251 избирач.
Вчера гласаа болни и изнемоштени лица, биле пријавени 263 болни и изнемоштени лица, а своето право на глас го оствариле 255 лица. Осум лица не го оствариле, бидејќи четворица заминале на болничко лекување, еден избирач починал, а тројца не можеле да си ги најдат личните документи.
Во Затворот во Штип вчера на гласање излегле над 50 проценти од осудените лица од 23 општини или од 104 избирачи на списокот гласале 58 затвореници.