Во Општина Дебар, каде денеска се спроведува втор круг на гласање за градоначалник, гласачките места се отворени навреме и гласањето се одвива непречено.
-Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 гласачки места, од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Во единствениот избирачки список запишани се 19763 лица а во првиот круг гласаа 40,72 отсто, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија.
Вчера, додава тој, своето право на глас го остварија 130 болни и изнемоштени лица, што е за 54 граѓани повеќе од првиот изборен круг, пред две седмици.