Македонија

Во октомври 67 илјади странски туристи ја посетиле земјава

Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 21.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските за 38.6 %.

Во октомври 67 илјади странски туристи ја посетиле земјава

Во земјава во октомври годинава се евидентирани 94 165 туристи, од кои 27 илјади (28.9 %) биле домашни, а 67 илјади (71.1 %) странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 187 272, од кои 36.7 % се од домашните, а 63.3 % од странските туристи.

Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 21.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските за 38.6 %.

Има раст и кај бројот на ноќевањата за 9.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските за 23.5 %.

To top