Македонија По трагедијата

Во кочанската болница се хоспитализирани 30 лица, НЕ се во животозагрозувачка состојба

Во кочанската болница се хоспитализирани 30 лица, НЕ се во животозагрозувачка состојба

Директорката на кочанската болница д-р Кристина Серафимова информира дека таму се хоспитализирани околу 30 лица.

Останатите од таму се препратени во Клиничката болница во Штип, Градската болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје и „8-ми Септември“.

Околу 30 пациенти се на скопска клиника.

-Лицата се со изгореници и  со интоксикација од јаглероден моноксид. Пациентите кај нас во болницата не се во животозагрозувачка состојба, рече таа за Сител.

To top