Македонија

Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два

Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два

Во Гевгелија утрово со измерени 14 степени Целзиусови е најтопло, а во Берово со минус два е најстудено.

Во Лазарополе нула степени, 1 на Попова Шапка, 2 степени во Крива Паланка, Тетово, Битола и Маврови Анови, 4 во Прилеп, Штип, Струмица и Крушево, 5 Охрид и Претор, 6 Куманово, 7 степени во Виница, 8 во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Кавадарци, 9 степени во Скопје-Петровец и 10 во Велес.

Утрово во најголем дел од земјава времето е сончево со мала облачност, само во северните делови е облачно.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 13 до 20 степени.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во Скопје наутро облачно, во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Најнови вести од Македонија

To top