Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 942.000, во градско-приградскиот превоз 10 224 000, во железничкиот превоз 49.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 789.856.
Во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2022 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 28.4 %, во железничкиот превоз е намаленo за 57.8 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 24.3 %.