Времето денеска сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.
Во Скопје сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со силен ветер (над 60 km/h). Максималната температура ќе достигне 21 степен.