Струмичка компанија АКТИКО регистрирана во 2022 година за трговија со текстил на големо, по само три месеци има побарување до УЈП за поврат на ДДВ од 10,5 милиони евра, за увоз на стока од 50 милиони евра. Внимавајте тазе отворена фирма прави увоз на стока од 50 милиони евра! Истата компанија после се продава на косовски државјанин Егзон Бериша. Ваква екстра компанија која наплатува грдни милиони евра, после тоа кон државата плаќа едвај неколку илјади евра данок.
Но тоа не е се!
УЈП не може да го најде новиот сопственик Егзон Бериша од Косово, ниту пак неговата документација. Според податоците што ги има, УЈП го бара преку МВР. А одговорот е следен: Егзон Бериша не постои, има друго лице со тој број на пасош, а тој во Македонија таа година воопшто не влегол. Фиктивниот Бериша останува да должи милиони евра данок и тоа УЈП не може да го наплати, затоа што навреме не си ја сработиле работата и не ги провериле нелогичностите кои се појавиле со оваа компанија. Или пак, не сакале навреме да ги направат. Кој се имал корист од оваа злоупотреба? Дали високи владини функционери стојат зад овој струмичко косовски алашвериш.
Лукаревска и УЈП ништо не одговараат, туку кажуваат повторно „гачки“ . Како по правило кога се открива некој голем криминал, како што е овој тие прво молчат, после пробуваат да се вадат на наводни лажни вести, па после обвинуваат дека некој ја загрозува истрагата.
Реалноста е дека се прави огромен криминал, кој не е можен без знаење и дозвола од високи владини функционери.
Во Македонија никогаш не било полошо. Мораме да ги поразиме, стои во соопштението на партијата.