Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ставањето на Дака Давидовиќ на американската црна листа потврди дека владата на СДС е рубља-влада – толку од проевропските сили

Од партијата истакнуваат дека американските институции потврдија дека тој имал коруптивни активности и ги спроведувал руските намери за рушење на демократските институции, процеси, судството и правната држава.

ВМРО-ДПМНЕ: Ставањето на Дака Давидовиќ на американската црна листа потврди дека владата на СДС е рубља-влада – толку од проевропските сили

Ставањето на црната листа на САД на контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, ги потврди сите наводи на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку години за негова вмешаност во коруптивни скандали во Македонија и тесна соработка со власта на СДС и ДУИ. Тие му овозможија на Давидовиќ да гради безмалку град во Тетово прво преку купување на имотот на Шик Јелак, а потоа и прегу носење на скандалозен ДУП, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека американските институции потврдија дека тој имал коруптивни активности и ги спроведувал руските намери за рушење на демократските институции, процеси, судството и правната држава.

-Во извештајот се нотирани имињата на Зоран Заев и Драги Рашковски (поручникот на Заев) кој дури и е посочено дека меѓудругото е гонет заради тоа што земал пари од Дака Давидовиќ. Дали ова значи дека владата на СДС и Заев била рубља влада? Дали црните рубљи завршиле во СДС или во приватните џебови на владините функционери? Каде се сега наводните “европејци“ и „прозападни сили“ да објаснат како работеле со рускиот експонент, како добивале пари и каде тие пари завршиле?, прашуваат од партијата.

Велат, парите не знаеме каде завршиле, ама знаеме дека бизнис пајташот на Заев и СДС заврши на црната листа на САД.

To top