Спасовски вети враќање на безбедноста во маалата, 5 години потоа киднапирано и убиено е дете среде Скопје, а тој недела дена поима нема, оставка веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Полицаецот позорникар ќе биде нашиот пријател – заштитник во секое време е ставот на Министерството за внатрешни работи кое после две децении ги враќа полицајците на улица, како заштитници на бебедноста и спокојот на граѓаните, кажа Спасовски пред 5 години, од тогаш до сега десетина убиства, грабнувања и илјадници други кривични дела се случија, и ретко кое е расчистено. На Спасовски кој се фалеше како успешно го вратил полицаецот позорникар, му се случи грабнување и убиство на дете во центарот на Скопје. Криминална група харала десетина дена низ Скопје и Македонија, првин е убиен велешанецот Панче, а потоа младата Вања. Помеѓу двете убиства има неколку дена, и двете убиства се направени од истите луѓе. Главниот осомничен Љупчо Палевски Палчо е во бегство, затоа што МВР на Спасовски не реагира навреме, обвинуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Спасовски должи одговори и како е можно во центарот на Скопје да се киднапира дете, а полицијата една недела да не знае ништо„
-За што служат камерите и полициските патроли? Нели Спасовски се фалеше со полицаецот позорникар каде е тој? Спасовски апсолутно потфрли или свесно прави пропусти. Дали Спасовски дозволил бегство на Палевски зошто истиот е поранешен претседател на градската организација на СДС? Или заради тоа што заедно со банда рекетарска која има и медиумска платформа одработуваше против ВМРО-ДПМНЕ?Како е возможно со автомобилот на претходно убиенот велешенец бандата предводена од Палевски да се развозува низ цело Скопје и да остане незабележан од полицијата?Дали вистинската причина зошто се дозволи Палевски да избега е зафатеноста на полицијата со Самитот на ОБСЕ? – се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.