Македонија парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЗНАМ поднесоа листи за пратеници, рокот завршува на полноќ

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ЗНАМ поднесоа листи за пратеници, рокот завршува на полноќ

До Државната изборна комисија (ДИК) до попладнево се пристигнати листи за пратеници за парламентарните избори од коалицијата предводена од СДСМ, од партијата ЗНАМ, како и од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Поднесени се листи за сите шест изборни единици. Листи за изборите поднела и партијата Родина. Рокот за доставување на изборните листи за пратеници истекува вечер на полноќ.

ДИК се очекува во 16 часот да започне седница на која ќе го заклучи Избирачкиот список и за Претседателските (24 април) и за Парламентарните избори (8 мај).

Во ДИК попладнево беше потпишан Кодекс за фер и демократски избори од страна на претседателските кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Бујар Османи, Максим Димитриевски, Билјана Ваковска, Арбен Таравари. Кодексот не го потпиша Стевчо Јакимовски.

Најнови вести од Македонија

To top