Македонија утка, поутка, сдс

ВМРО-ДПМНЕ: СДС без компас, тотално се изгубија на политичката мапа па во стилот на „како и до сега“

СДС без компас, прво Филипче вчера направи целосна утка на прес конференција а потоа за да се извлече СДС пушти соопштение со снимка стара две години која всушност беше критика на патлиџан дипломатијата на СДС, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС без компас, тотално се изгубија на политичката мапа па во стилот на „како и до сега“

СДС без компас, прво Филипче вчера направи целосна утка на прес конференција а потоа за да се извлече СДС пушти соопштение со снимка стара две години која всушност беше критика на патлиџан дипломатијата на СДС, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

СДС тотално се изгуби на политичката мапа па почнаа да прават последователни грешки. Додека беа власт СДС водеше погрешни политики но и како опозиција продолжија со „како и до сега“ со грешни пресови и грешни соопштенија. Во СДС целосно конфузни, неинформирани и надвор од политичките текови. Венко Филипче во текот на вчерашниот ден оддржа прес конференција и кажа низа глупости и се излета во јавноста со погрешни изјави и заклучоци. Филипче или е грешно информиран од советниците или манипулира. Филипче не знае како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации а држи прес конференции за тоа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека тоа што Филипче не го знае и што е единствена вистина е дека Македонија и САД гласаа едногласно. Односно исто како и САД, Македонија гласаше воздржано за резолуцијата откако претходно беа прифатени амндмани кои не беа на линија со резолуцијата која беше коспонзорирана и произведена од нашиот стратешки партнер САД.

За да го извлечат Филипче од тотално погрешната прес конференција, слабиот пи-ар на Филипче се навлече на уште поголем лапсус и лажни вести. СДС збунета пушти соопштение со видео снимка, интервју од Викторија Трајков старо 2 години кое е критика на нивната патлиџан дипломатија од пред 2 години, и се обиде да го спинува како денешно. СДС се толку безнадежни и немоќни што се послужија со интервју старо 2 години за да прават спин, испомешаа и време и место и на крај го повлекоа соопштението. Во конкретното интервју се зборува за дипломатијата на СДС и посетата на Димитар Ковачевски, а не за дипломатијата на владата на ВМРО-ДПМНЕ, што е огромен пропуст на СДС и нивниот пи-ар, потенцираат од владејачката партија.

Време е СДС да се фокусираат и да бидат во тек со политичките настани. На Македонија и е потребна консолидирана опозиција, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top