Македонија

ВМРО-ДПМНЕ организира свеченост по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј

ВМРО-ДПМНЕ организира свеченост по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј

ВМРО-ДПМНЕ денес во црквата Св. Богородица – Калишта, Струга, организира свеченост по повод одбележувањето на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј. На настанот свечен говор пред присутнит ќе има претседателот на партијата Христијан Мицкоски.

Во рамки на свеченоста ќе се одржи трибина под наслов „Св. Кирил и Методиј, Стожер на Постоењето!” ќе се обратат Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот Богословски факултет Св. Климент Охридски – Скопје и Митко Панов, редовен професор на Институтот за национална историја при УКИМ – Скопје.

To top