Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Од медиумите дознавме за лидерската средба во понеделник

Од партијата велат дека таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор.

ВМРО-ДПМНЕ: Од медиумите дознавме за лидерската средба во понеделник

ВМРО-ДПМНЕ за терминот на одржувањето на лидерската средба, која за в понеделник ја најави премиерот Димитар Ковачевски, велат дека дознале преку медиумите.

Од партијата велат дека таквата комуникација на Ковачевски, преку медиуми за вака важни прашања е негов избор.

-Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички премиер од ДУИ. Воедно бидејќи се одлучи за комуникација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор, е ставот на партијата.

Ковачевски истакна дека ќе биде испратена покана за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието.

To top