Македонија „Лицето на коалицијата на бандитизмот“

ВМРО-ДПМНЕ: Од Мала Речица му суфлирале на Ковачевски да не бранува за М-НАВ и ако треба да пушти курбан од своите ако сака коалиција

ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Сега за да се отплеткаат од скандалот во кој се најдоа, ќе се обвинуваат, ќе дефокусираат, ќе се препелкаат и што ли уште не. Но веќе се му е јасно на народот, никогаш не било полошо, и овој бандитизам важно е да го поразиме“!

ВМРО-ДПМНЕ: Од Мала Речица му суфлирале на Ковачевски да не бранува за М-НАВ и ако треба да пушти курбан од своите ако сака коалиција

Лицемерието на Европскиот фронт и зелената агенда на оваа власт се гледаат најдобро во М-НАВ. Функционерите на СДС и ДУИ за дебели плати од по неколку илјади евра вработиле роднини, сестри, снаи, синови, чичковци, братучеди, внуци во македонската навигација. Ова е лицето на коалицијата на бандитизмот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски вели дека не бил портпарол на неговите министри, кои ја наполниле М-НАВ со непотистички вработувања, а вистината е дека Али Ахмети му суфлирал да не бранува многу, затоа што во спротивно нема да го земе на заеднички листи или нема да му даде поддршка за заеднички кандидат за претседател. Пораката што му ја упатуваат од Мала Речица е да не зборува ништо ниту за вдомувањето на фамилиите на министрите од ДУИ, а уште помалку за тепањето во контролната кула од страна на екипата тесно врзана со ДУИ со што беше доведен во опасност воздушниот сообраќај над Македонија. Единствено што му дозволуваат на Ковачевски е да пушти низ вода некој од своите министри (читај Николовски) како курбан за коалицискиот мир, истакнуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Сега за да се отплеткаат од скандалот во кој се најдоа, ќе се обвинуваат, ќе дефокусираат, ќе се препелкаат и што ли уште не. Но веќе се му е јасно на народот, никогаш не било полошо, и овој бандитизам важно е да го поразиме“!

Најнови вести од Македонија

To top