Македонија во друштво на Тони Котев

ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче

„Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе. Очигледно е дека тие двајца добро се познавале и соработувале“, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал, ниту криминал, а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче

Венко Филипче во друштво на Тони Котев сопственикот на илегалната дрога, нема скандал ниту криминал а во тоа да не се вмешани Заев и Филипче, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако со денови СДС растура пердуви во јавноста за запленетата дрога обидувајќи се да ја скрие блискоста на структурите на СДС и кланот Заеви вистината излезе на виделина. Венко Филипче лажеше дека не ги познава лицата дури и на телевизиско интервју кажа дека нема никаква врска со вистинскиот сопственик на фирмата „ЦБД Медплант“ и поранешен функционер на СДС, Тони Котев но фотографиите од нив двајца кои излегоа во јавноста тоа го демаскираа, велат од владејачката партија.

„Венко Филипче во друштво на сопственикот на илегалната дрога. Венко Филипче и Тони Котев покрај себе. Очигледно е дека тие двајца добро се познавале и соработувале“, се наведува во соопштението.

-Фотографијата покажува директна инволвираност на Венко Филипче со шверцот на илегалната дрога. Венко и газдата на фабриката со илегална марихуана. СДС и Венко Филипче наместо да шират лаги и да ја манипулираат јавноста да кажат зошто се толку потресени и водат жолчна кампања околу запленетите над 30 тони дрога? Дали кланот Заеви и Филипче се вмешани па затоа СДС се исплашени? Дали токму поради тоа во 2023 година го променија правилникот за одгледување на канабис? Колку милиони требале да заработат и на овој криминал? Нема скандал, криминал и корупција а таму да не се вмешани имињата на Заев и Филипче. ЈО да ја истражи поврзаноста на Филипче и Заев, во случајот со 30те тони запленети дрога, се наведува во партиското соопштение.

Најнови вести од Македонија

To top