Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата. Лага е дека се стопирани средствата. СДС лаже за да добие ситни политички поени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.
Нивните лаги веќе не поминуваат ниту кај малите деца.
Средствата од ИПАРД III Програмата не се суспендирани од страна на Комисијата.
Повеќе пати е потенцирано дека од страна на Европската Комисија е поздравена одлуката за привремен прекин на плаќањата.
Институциите работат во разрешување на случајот.
Веднаш по завршување на проверките и контролите, ќе се продолжи со реализација на ИПАРД III Програмата.
СДС ги боли што институциите работат и преземаат активности согласно нивните надлежности, тоа што беше мисловна именка во нивно време.
Решителноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да расчистува со криминалот е јасна и недвосмислена, секој што се огрешил пред законот ќе одговара.
А, СДС нека гледа како се работи, се вели во реакцијата на владејачката партија.