Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ново соединение ЗаеФче, кое не знаете дали е опозиција во Македонија или во Србија

ВМРО-ДПМНЕ: Кога криминогеноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче се добива ново соединение ЗаеФче, кое не знаете дали е опозиција во Македонија или во Србија

Чаршаф соопштенијата пратени од Белград, напишани од екс советникот на Заев, Башанoвиќ, со претежна анализа на политичката сцена во Србија, Венко го прави опозиција на батерии во Србија, а не во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не се меша во политичките состојби во Србија и за нас единствен интерес е интересот на македонските граѓани, нагласуваат од партијата.

– Но, опседнатоста на Венко со Србија, со лошо преведени чаршаф соопштенија од српски јазик, пледира да го претвори Венко во мал Шешељ. Кога алчноста и потпросечноста на Заев ќе се спои со сервилноста на Филипче, резултатот на таквата симбиоза е ЗаеФче. Ова ЗаеФче на политичката сцена ја води СДС кон сигурно исчезнување и пасокизација, што е избор со кој ние не сме среќни, но е пат кој тие самите го одбрале. Кога оваа нова политичка симбиоза ЗаеФче се појавува на општествената сцена во Македонија, СДС ја направи маса и послужавник на услуга на сите сили кои сакаат да се послужат со партијата за свои лични интереси, стои во соопштението.

Венко со златна виза од Дубаи, бизниси и сметки во Бугарија и политички ментори од Србија, со старател Заев, не може да биде иднина на оваа држава.

Најнови вести од Македонија

To top