Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кочи Груби излета од патот, европскиот фронт ви издиша како пукнат балон

ВМРО-ДПМНЕ: Кочи Груби излета од патот, европскиот фронт ви издиша како пукнат балон

Кочи Груби излета од патот, европскиот фронт ви издиша како пукнат балон, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Груби е малку нервозен кога бандитите од ДУИ се фатени на дело како прават упат во М-НАВ и тепаат вработени, не може да ја изманипулира јавноста зошто има снимки и има сведоци, а сепак судот под контрола на ДУИ ги ослободи. Но свесен е Груби дека граѓаните гледаат како се однесува ДУИ и дека страшно ќе ги казнат. ДУИ мисли дека го поседува судството, и врши притисоци, а потврда за тоа стигнаа и од нашите меѓународни партнери. ДУИ е дувлото на криминалот и корупцијата. Донаторите на ДУИ се главни добитници на тендерите во инстуциите каде раководните структури се од ДУИ. Братот на Груби купува дуќан во центар на Скопје по цена од 700 евра м2, како да купува гаража на периферија на Скопје, велат преку соопштение до јавноста од партијата.

Од таму додаваат дека внукот на Ахмети не знае што попрво да прави. Од бизнисмен кој ја купи Соравија без денар до полн гепек со петарди. Пука по сите шавови Груби, зошто знае дека крајот доаѓа, затоа што никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме.

Најнови вести од Македонија

To top