Македонија АМС

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

-Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегуваше и ширеше лаги и манипулации во јавноста. Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција, се наведува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт. Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Каевски е фатен на дело, и веќе на сите им е јасно зошто излегуваше и ширеше лаги и манипулации во јавноста. Тоа се кадрите на СДС, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат:

„Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја“.

To top