Македонија Ристовски незаконски бил држен во притвор

ВМРО-ДПМНЕ: Годините поминуваат, срамот и хајките на СДС не се забораваат – наместо ловење криминал, Кацарска судството водеше политички линч

Овој конкретен случај беше воден од судијата Илија Трпков, а за притворите кои незаконски се доделувале одлучувале судии од Судскиот Совет.

ВМРО-ДПМНЕ: Годините поминуваат, срамот и хајките на СДС не се забораваат – наместо ловење криминал, Кацарска судството водеше политички линч

Русковска обвинителството и Кацарска судството со нов дебакл. Највисокиот суд во Стразбур одлучи дека поранешниот министер Спиро Ристовски незаконски бил држен во притвор за случајот 27-ми април. Тоа значи дека биле повредени неговите права и незаконски, против правно бил лишен од слобода, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Целиот случај е правна камиказа и е граден врз политички мотиви, наместо правни аргументи. Овој случај беше користен за политички линч од Кацарска судството и Русковска обвинителството кон ВМРО-ДПМНЕ при што настрадаа многу невини луѓе. Поради пресудата за 27ми април Кацарска сега е наградена во Уставен судија за нејзина претседател, а Русковска остана да биде синоним за срамните обвиненија, се наведува во партиското соопштение.

„Овој конкретен случај беше воден од судијата Илија Трпков, а за притворите кои незаконски се доделувале одлучувале судии од Судскиот Совет. Годините поминуваат, срамот и хајките на СДС не се забораваат.

Наместо ловење криминал, Кацарска судството водеше политички линч“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top