Македонија нема потреба од техничка влада, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ го поматува планот на ДУИ, нема технички премиер за Мала Речица

Ставовите на претставници на власта, пред се на премиерот Димитар Ковачевски, кој никогаш не излегол пред граѓаните на избори, тонат. Прво велеше не може изборите, претседателски и парламентарни, да се одржат заедно, сега вели поинаку, двојни избори ќе има во мај. Ковачевски во однос на техничката влада, вели дека тоа е законска обврска и со соглсно тоа со консензус помеѓу политичките партии во Собранието ќе имало договор.

ВМРО-ДПМНЕ го поматува планот на ДУИ, нема технички премиер за Мала Речица

Но, како што направи погрешна проценка за двојни избори или се лажеше пред се самиот себе си, истото се случува и со техничка влада или технички премиер.

Сега во однос на прашањето техничка влада, односно технички премиер кој би требало да биде Албанец, ВМРО-ДПМНЕ го поматува планот на ДУИ, односно според партијата нема потреба од техничка влада, што ќе значи нема технички премиер за Мала Речица.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на синоќешнпто гостување во емисијата Само интервју што се емитува на телевизија Канал 5 посочи дека не гледа потреба повеќе да има техничка влада. Мицкоски посочи дека за партија како ДУИ околу која се вртат само информации за коруоција и криминал да предложи премиер.

„Како прво, не гледам каков квалитет тој премиер може да донесе и каква додадена вредност. Второ ценам дека земја која што пледира да биде дел од ЕУ мора да покаже и малку одговорност и зрелост“, кажа Мицкоски.

Според Мицкоски треба да се разговара со партиите од власта, како и со сите партии од Собранието за да се постигне договор за бришење на техничката влада од постоечките правни норми.

„Практично од овој момент па натаму да имаме влада со политички легитимитет. Не само на овие избори, туку и на сите наредни избори и тоа е влада која што ќе може со политички легитимитет да ги води процесите, бидејќи ќе повторам во техничката влада има повеќе опструкции, отколку нешто кое што може да додаде вредност во процесот“, посочи Мицкоски.

Засега е јасно, прво, дека во декември ќе се прецизра термин за двојни избори и второ, дека планот за премиер од мала Речица е поматен.

Најнови вести од Македонија

To top