Дали буџетот на клиничката болница „Жан Митрев“ растел во време на мандатот на Венко Филипче како министер за здравство, за да тој си подготви профитабилен бизнис? Со зголемување на буџетот на болницата секоја година, Филипче веќе имал план. Сопственикот на таа болница, бил дел од судски спор против него, па на Филипче му светнала сијаличката, како може ова да го искористи. Ветувале со Заев дека ќе го ослободат од обвиненијата против него, а тој да им ја продаде болницата по багателна цена, па така министерот за здравство да стане сопственик на истата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Уцени, спогодби, ветувања за влијание во судски постапки, ова е партиската култура на СДС. И на врвот биле Филипче и Заев, но такво ветување од нивна страна не би можело да се исполни ако многумина знаеле, гледале и молчеле. Кој друг знаел за овие планови? Како точно мислеле да влијаат врз судскиот процес на сопственикот на болницата,и како планирале да го ослободат од обвиненијата против него? Дали навистина можело да се случи вакво влијание без координација меѓу партијата, администрацијата и судските структури? Вака СДС и ДУИ го урнисаа системот, и ја сведоа довербата во судството на 2%, преку инсталирање на партиски посланици, во секоја институција, во секоја пора на општеството. Очигледно за нив влијание врз судски процеси е легитимен метод на работа. А ако Филипче навистина ја презел болницата по цена далеку пониска од пазарната, како и што му нудел на сопственикот на истата, тоа би било приватизација на јавни пари, посочуваат од владејачката партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека министерот за здравство калкулирал со приватни болници, додека здравствениот систем се рушел од сите страни.
-Да му светнала сијаличката и за болниците, за ковид болните кои му умираа по ходници, за ненабавувањето на вакцини, за онколошки болните и скандалот кој се случи на тоа одделение, за условите во државните болници во кои граѓаните треба да се лекуваат, немаше да го уназади и доведе здравството на колена. ЈО да ги испита индициите за изнуда и сомнежите за криминал за злоупотреба на службената положба, вели ВМРО-ДПМНЕ.