Македонија „вакви политички кукавици немало во досегашната историја на политиката“

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бега од седница за пратенички прашања, а партијата пушта соопштенија што кажал Мицкоски!

Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бега од седница за пратенички прашања, а партијата пушта соопштенија што кажал Мицкоски!

Од СДС никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.

Денес нивниот претседател Венко Филипче ја напушти седницата на која се поставуваа пратенички прашања, ама партијата која ја води си пушташе соопштенија за што се зборувало на седницата во кој најблаго кажано клеветат. Во соопштение пишуваат што кажал Христијан Мицкоски. Зошто не кажаа на седница, на пример.

Како и да е покажаа дека се кукавици, Филипче бега од седница, од партијата објавуваат соопштенија за седницата.

Челниците во СДС научиле само еден филм. Сценариото на нивниот филм има за цел да се напаѓа по ред што се што во моментов се прави за граѓаните.

Сега, за денешното бегство на Филипче, и за соопштението од СДС за изјавата на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој наводно според соопштението давал задачи на новиот обвинител.

Да им укажаме на СДС една работа. А тоа е, ако тие наредувале што да прават правосудните органи не значи дека го прават и други.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кога станува збор за оваа трета самостојна власт сака и прави што е во негова надлежност за истата да делува професионално спроведувајќи ги законите.

Така да пораката за СДС е, ако вие контролиравте се, немојте да мислите дека и другите се како вас.

Или еве појасно за да разберат во СДС, нека не им го припишуваат на другите тоа што тие го правеле.

Денес на дело покажаа само кукавичлок, се вели во реакцијата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top