Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да ја слушнат изјавата на Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да се случи ништо

Нашиот совет е да не мрзнат и да не прават фешти кои се гол ПР. Само треба на СДС да му се јават со кои ја крадеа Македонија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да ја слушнат изјавата на Мицкоски, да не сеат магла, иако знаат дека во среда нема да се случи ништо

За деталите од денешното сценарио и она што вечерва ДУИ го прави внимателно упатуваме да ја слушнат денешната изјава на премиерот Мицкоски кој јасно ги отцртува нивните намери до последниот аспект, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ДУИ на овој начин сеат магла иако знаат дека во среда нема да се случи ништо. И откако нема да се случи ништо ќе треба да кажат дека ДУИ ја спасиле работата. А во суштина протестите се политичарите замешани во криминал од ДУИ против судиите на ДУИ. Нашиот совет е да не мрзнат и да не прават фешти кои се гол ПР. Само треба на СДС да му се јават со кои ја крадеа Македонија, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во среда нема ништо да се случи“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција денеска во Владата, запрашан за седницата на Уставниот суд на 11. декември за Законот за јазиците.

Тој рече дека ДУИ намерно прави поделби и етнички тензии.

„Разговараме со ВРЕДИ, ова е постапка која е тековна. Имаме ситуација не може сега никој да интервенира кај Уставниот суд, затоа што принципот како до сега заврши на 8. мај. Единствената тема со која ДУИ се присутни во јавност е да направат поделба по етничка основа, ги третираат само етничките прашања, не можат да наметнат тема ниту да привлечат луѓе кои ќе ги поддржат. Се обидоа со таа нивна зелена агенда, но не успеаја“, изјави Мицкоски и продолжи.

 

To top