Македонија „Овој пристап е крајно неодговорен“

ВМРО-ДПМНЕ: Децата на старите комунистички пиромани на меѓуетничките односи, кои ги имаат уништувано перспективите на Македонија, повторно се обидуваат да ги распалат огновите на поделбите и деструкција

Политиката на СДСМ „колку полошо, толку подобро за нив“ е нешто што народот веќе го прочита и го одби, посочуваат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ: Децата на старите комунистички пиромани на меѓуетничките односи, кои ги имаат уништувано перспективите на Македонија, повторно се обидуваат да ги распалат огновите на поделбите и деструкција

Децата на старите комунистички пиромани на меѓуетничките односи, кои ги имаат уништувано перспективите на Македонија, повторно се обидуваат да ги распалат огновите на поделбите и деструкцијата. Нивната стратегија е јасна: „државата ако треба нека пропадне, само СДСМ и ДУИ да се вратат на власт“. Овој пристап е крајно неодговорен и покажува дека за СДСМ, граѓаните се само алатка за нивните лични и партиски интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ја информираме јавноста дека институциите работат во целосен капацитет, внимателно ги следат и анализираат сите облици на свесно разгорување на меѓуетнички тензии, кои имаат за цел прикривање на криминал и остварување на политичка корист. Во согласност со тие анализи, ќе се постапува со цел зачувување на спокојството и мирот на сите граѓани на Република Македонија. Владата останува фокусирана на стабилност, единство и градење просперитетна иднина за сите граѓани на Македонија, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност. Политиката на СДСМ „колку полошо, толку подобро за нив“ е нешто што народот веќе го прочита и го одби, посочуваат од владејачката партија.

Најнови вести од Македонија

To top