Македонија Извртување на фактите

ВМРО-ДПМНЕ: Бујар Османи го спинува и навредува холандскиот амбасадор, иако јасна е пораката – ДУИ е извор на корупција и влијание во правосудството

„И не е трагично да зборувате за корупција туку најтрагично е што ја создавате и ширите и што ништо не преземате против тоа“.

ВМРО-ДПМНЕ: Бујар Османи го спинува и навредува холандскиот амбасадор, иако јасна е пораката – ДУИ е извор на корупција и влијание во правосудството

Во однос на изјавата на Бујар Османи дека холандскиот амбасадор барал поддршка од ДУИ и заедно збореле за борба против корупција, а не за посочување на ДУИ како извор на не владењето на правото, е типично извртување на фактите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се прашуваме се почесто дали Бујар се слуша што кажува или онака испушта неволно зборови од устата па затоа се што кажува звучи вака. Некогаш неговите изјави се како оние на Сфингите кога треба да се замисли и одгатне човек што сакал да каже, но дури и тогаш несомнено секој е свесен дека човекот тресе глупости и не знае што кажува. Вакви бесмислици ретко кој може да каже и наместо да премолчи како што вообичаено е пракса со сите корисни статуи, тие зборуват, едноставно не може да се собере, да се исконтролира и зборовите непречено и сосема слободно во необичен редослед излетуваат од него. Но шалата на страна. Нека стават прст на чело и нека пробаат да сфатат дека тие се извор на корупцијата во државата, дека 22 години се на власт од 2002-та година, и поради тоа што е доктор да му кажеме со докторски речник, тие се метастаза од корупција во државата на сите нивоа на институциите и дека се срам за сите чесни Албанци во оваа држава кои сакаат подобар живот, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат:

„И место да се тетерави вака и да се врти во круг не знаејќи како да спинува јасна изјава на странски претставник кој јасно и недвосмислено му кажува дека ДУИ е проблем на државата и е извор на корупција и влијание во правосудството, тој ја навредува интелигенцијата на секој нормален човек во државата, но и на меѓународните претставници конструирајќи вака бесмислени реченици. И не е трагично да зборувате за корупција туку најтрагично е што ја создавате и ширите и што ништо не преземате против тоа“.

To top