ВМРО-ДПМНЕ им го честита Илинден на сите граѓани.
-2 август 1903 и 2 август 1944 ќе останат впишани како темелници на Македонија. На денешен ден пред 121 година народот го крена својот глас за слобода. Организирано, сплотено и со една мисла. Илинден ги сплотил сите под бајракот на слободата, слободата која ја живееме денее, е плод на искрата кој тогаш беше запалена, а се реализира 41 година подоцна на 2 Август 1944 година, се наведува во честитката од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „Македонија денес е слободна, но борбата продолжува, за напредок, поубава иднина за сите“.
-Следуваат години со успешна и плодна работа за Македонија. За иднините генерации да наследат Македонија посовршена од тоа што сме наследиле ние. Честит Илинден, велат од партијата.